Регион

Косово ги исполни барањата но ЕУ не ги запира санкциите кон Приштина

Барањето од Брисел исполнето, санкциите остануваат

И покрај тоа што ги одстранија причините за нивно воведување Косово ќе остане под мерки/санкции на ЕУ.

Иако минатата недела владата во Приштина ја префрли локалната власт на српски градоначалници во  четири српски општини во Северно Косово, ЕУ не ги укинува санкциите воведени поради оваа ситуација која беше товар за владата на Албин Курти.

 

Франција и Италија, поддржани од Унгарија и земјите кои не го признаваат Косово, Шпанија и Словачка, се спротивставија на укинување на мерките на последниот состанок, пренесува Косово Дата.

🇫🇷 🇮🇹 🇪🇸 🇭🇺 🇸🇰

 

Од друга страна, најмалку 13 држави меѓу кои Германија, Словенија, Хрватска, Шведска, Австрија, Полска  инсистираа на нивно отстранување:

🇩🇪 🇸🇮 🇭🇷 🇪🇪 🇱🇺 🇧🇪 🇳🇱 🇫🇮 🇲🇹 🇦🇹 🇮🇪 🇵🇱 🇸🇪

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top