Регион

Ковачев: Концептите за јазик и идентитет отстранети од извештајот за Македонија

Република Македонија треба да го почитува билатералниот договор со Бугарија и да ги засили активностите на заедничката историска комисија, вели европратеникот

Трите главни политички групи во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Социјалистите и демократите (С&Д) и либералите од „Обновена Европа“ – се согласија да ги отстранат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, објави Андреј Ковачев на Фејсбук.

Одлуката е донесена на иницијатива на ЕПП и се очекува да биде поддржана од мнозинството на пленарната седница следната недела.

Според претставниците на ЕП, темите поврзани со идентитетот и јазикот не треба да бидат присутни во извештаите за земјите-кандидатки за ЕУ, бидејќи тие можат да доведат до поделби и политички тензии.

Според нив, конкретниот случај на Република Македонија е пример за ова, особено со оглед на изјавите на владата во Скопјe и премиерот Христијан Мицкоски, кој инсистира на „вековен идентитет и јазик“.

Во својата objava, Ковачев истакнува дека македонските власти се обиделе да ги претстават своите постапки како дипломатска победа против Бугарија непосредно пред локалните избори. Ова беше направено со цел да се оправдаат пред јавноста можните козметички измени на уставот, вклучително и делумното признавање на Бугарите како заедница.

И покрај притисокот и интензивното лобирање, европратениците се категорични дека ваквите контроверзни теми не треба да најдат место во официјалните документи на Европскиот парламент или другите институции на ЕУ.

Наместо тоа, велат тие, Република ^ Македонија треба да го почитува билатералниот договор со Бугарија и да ги засили активностите на заедничката историска комисија – единствената платформа каде што треба да се дискутираат прашања поврзани со заедничката историја, како што е предвидено во договорот.

Најнови вести од: Регион

Бугарите на протестите побараа оставка на Радев, нарекувајќи го „измамник“, „кукавица“ и „штетен за Бугарија“, а владата како „неспособна и криминална“!

Бугарската новинска агенција БТА објави: Антивладините демонстранти го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија во саботата. На митингот се скандираше: „Оставка“ и „Ова не е Москва“! Граѓаните масовно бараа итна оставка од кабинетот на Радев само еден месец по неговото стапување на должност. На антивладините демонстрации во Софија вчера имаше транспоаренти со порака: „Чичо Румен, оди си со мир!“ „Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио.

Илјадници на улиците во Софија, прв протест и „граѓански отпор“ против владата на „рускиот агент“ Радев, кои ја „одалечуваат Бугарија од европскиот пат“!

Во Софија синоќа се одржа првиот протест против владата на Румен Радев, при што илјадници граѓани излегоа на улиците изразувајќи незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Организаторите упатија остри критики кон премиерот Радев, оценувајќи дека неговото владеење ја оддалечува Бугарија од европскиот пат. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

To top