Регион

Криминална афера во Белград: Поранешен полициски шеф осомничен за убиство

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Десет лица, меѓу кои и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Веско Милиќ, се уапсени во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој исчезна на 12 мај.

Според истрагата, на кобниот ден во ресторанот „27“, по кратка расправија, Нешовиќ бил застрелан од Саша Вуковиќ Бошке, додека Дејан С. им помогнал на осомничените да избегаат од местото на настанот.

Покрај Милиќ, уапсени се и Саша Вуковиќ – Бошке, Марио С., Петко П., Саво С., Бобан М., Ненад Л., Данка В., Вук Ш. и Дејан С. Сите се осомничени за тешки кривични дела поврзани со исчезнувањето на Александар Нешовиќ Баја, кој се смета за член на групата на Дејан Стојановиќ Кека.

Според досегашната истрага, Дејан С. им помогнал на осомничените да побегнат. Тој ги превезувал со Фиат Пунто најпрвин кон Шабац, потоа кон езерото Добродол и на крајот кон Стара Пазова.

При претрес на неговото возило, полицијата пронашла мобилен телефон Samsung Galaxy S25 FE, патни исправи на имињата на Саша Вуковиќ и Марио С., лични документи, 10.000 евра во готово, како и потврда за регистрација на Audi Q8.

Обвинителството се сомнева дека обидот за убиство се случил помеѓу 23:00 и полноќ на 12 мај во ресторанот „27“ во белградскиот кварт Сењак. Вишето јавно обвинителство смета дека Саша Вуковиќ и Марио С., заедно со Веселин Милиќ, однапред планирале да го намамат Нешовиќ на средба под изговор за решавање на претходни конфликти.

Милиќ, според сомневањата, го повикал Нешовиќ по телефон и му предложил да дојде без обезбедување. Кога Нешовиќ пристигнал и ги забележал возилата на осомничените, првично решил да си замине, за што го известил својот пријател Владимир Р. Сепак, по нов повик од Саша Вуковиќ, тој се вратил и седнал на маса со Вуковиќ, Марио С. и Милиќ.

По кратка расправија, Вуковиќ наводно извадил пиштол „НХ“ калибар 9 милиметри и испукал неколку куршуми кон Нешовиќ. Пиштолот, според обвинителството, го донела Данка В., која потоа му го предала на Марио С., а тој на Вуковиќ.

Обвинителството, исто така, ги сомнева поранешниот полициски началник Веселин Милиќ, Петко П., Саво С. и Бобан М., како и келнерот Вук Ш. и сопственикот на ресторанот Ненад Л., дека иако знаеле што се случило, не го пријавиле кривичното дело. Тие се осомничени дека помогнале во криење на оружјето и отстранување на траги од крв од ресторанот.

Телото на Александар Нешовиќ, познат како Баја, сè уште не е пронајдено.

Најнови вести од: Регион

Бугарите на протестите побараа оставка на Радев, нарекувајќи го „измамник“, „кукавица“ и „штетен за Бугарија“, а владата како „неспособна и криминална“!

Бугарската новинска агенција БТА објави: Антивладините демонстранти го блокираа сообраќајот на централните улици во Софија во саботата. На митингот се скандираше: „Оставка“ и „Ова не е Москва“! Граѓаните масовно бараа итна оставка од кабинетот на Радев само еден месец по неговото стапување на должност. На антивладините демонстрации во Софија вчера имаше транспоаренти со порака: „Чичо Румен, оди си со мир!“ „Целата влада на Радев е исткаена од грешки и како луѓе и како политичари. Грешки во надворешната политика, грешки во внатрешната политика, буџетот. Сè е ужасно. Ако Радев остане на власт, претпоставувам дека до зима во Бугарија ќе биде многу, многу лошо!“ – изјави еден демонстрант за Бугарското национално радио.

Илјадници на улиците во Софија, прв протест и „граѓански отпор“ против владата на „рускиот агент“ Радев, кои ја „одалечуваат Бугарија од европскиот пат“!

Во Софија синоќа се одржа првиот протест против владата на Румен Радев, при што илјадници граѓани излегоа на улиците изразувајќи незадоволство од политиките на актуелната власт, со посебен акцент на предложениот државен буџет и насоката во која, според нив, се движи државата. Организаторите упатија остри критики кон премиерот Радев, оценувајќи дека неговото владеење ја оддалечува Бугарија од европскиот пат. „Радев не е само бугарскиот Орбан. Тој е и бугарскиот Јанукович. Владеењето на ваквите руски агенти води кон војна ако не бидат соборени на време“, порачаа организаторите на протестот, пренесува бугарскиот медиум „Актуелно“.

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Најнови вести

To top