Регион

Македонија и Црна Гора го прекинаа протестот – Србија и БиХ продолжуваат со блокадите

Протестите и блокадите на товарните превозници од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат во петиот ден, при што се блокирани 22 излезни и 19 влезни теретни терминали на граничните премини кон Шенген-зоната.

Протестите и блокадите на товарните превозници од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат во петиот ден, при што се блокирани 22 излезни и 19 влезни теретни терминали на граничните премини кон Шенген-зоната.

Според соопштението на босанско-херцеговачкиот Конзорциум „Логистика“ по состанокот во Белград, превозниците од овие две земји остануваат цврсто на своите барања и продолжуваат со блокадите на граничните премини, особено кон Хрватска, Унгарија и Словенија.

Главниот проблем останува ограничувањето на престојот на професионалните возачи (возачи на камиони) во Шенген-зоната според правилата за краткорочен престој (90 дена во период од 180 дена), што сериозно го отежнува нивниот работен ритам и логистиката на Балканот.

За разлика од нив, превозниците од Северна Македонија и Црна Гора го прекинаа протестот по објавувањето на нова визна стратегија од Европската комисија.

Извршната потпретседателка на ЕК и комесарка за внатрешни работи, Хена Виркунен, објави дека во новата стратегија е вклучен посебен лимит за престој токму за професионалните возачи на товарни возила, со цел да се реши проблемот со кој се соочуваат возачите од земји надвор од ЕУ/Шенген.

Оваа одлука на ЕК беше прифатена како доволно уверлива од македонските и црногорските здруженија, па тие го прекинаа протестот и ги ослободија граничните премини.

Сепак, Србија и БиХ сметаат дека предлогот сè уште не е доволно конкретен и јасен, па продолжуваат со притисокот преку блокадите. Според извори од „Логистика“, тие бараат формално писмено ветување или измена на регулативата што ќе важи одредено за возачите од Западен Балкан.

Блокадите предизвикуваат големи проблеми во трговијата: долги колони камиони, одложени испораки, зголемени трошоци и ризици за храна и лекови што се превезуваат.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top