Регион

Марта Кос ја откажа планираната посета на Србија

Одлуката да биде погребван во Србија предизвика протести во Европа и другите земји од Западен Балкан

 

Српскиот генерал Ратко Младиќ, осуден за воени злосторства за време на босанската војна, денес ќе биде погребан со државни почести во Белград.

Одлуката предизвика протести во Европа и другите земји од Западен Балкан.

Европската комесарка за проширување Марта Кос ја откажа планираната посета на Србија.

Поддржувачите на Младиќ се собраа во црквата каде што е изложено неговото тело. Се очекува погребна поворка и воени поздрави.

Сè уште не е јасно кои претставници на српските власти ќе присуствуваат на погребот.

Претседателот Александар Вучиќ објави дека има работни обврски.

Ратко Младиќ почина пред неколку дена во Хаг на 84-годишна возраст.

Тој оМарта Кос ја откажа планираната посета на Србија.

Најнови вести од: Регион

To top