Регион

Николоски: Од Скопје до Солун за 1 час и 25 минути, а од Скопје до Белград за 2,5 часа

Тоа ќе го овозможи брза железница од 160 до 200 километри на час за патнички и 120 километри на час за карго сообраќај

Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 – проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока – рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун.

Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, рече во своето обраќање вицепремиерот.

Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност (ГАЛЕРИЈА)

Во своето обраќање, заменик претседателот на Владата Николоски истакна дека земјите долж Коридор 10 мора да се насочат кон доизградба и  модернизација на Коридор 10 како предуслов за одлжлив економски раст и поефикасен транспорт.

„Доколку паметно и мудро го искористиме Коридорот 10, во тој случај можеме целосно да ја трансформираме економијата во Југоисточна и Централна Европа.

Веќе постои брза железница меѓу Атина и Солун, Белград – Будимпешта е веќе завршена. Нашите колеги од Србија работат на делницата Белград – Ниш. Она што недостига е делот меѓу Ниш, Скопје и Солун. Од наша страна, започнавме многу амбициозна програма и веќе сме пред нејзино финализирање, што значи ќе започнеме со изградба на брза железница на целиот Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција.

Тоа ќе биде брза железница – од 160 до 200 километри на час за патнички сообраќај и 120 километри на час за карго сообраќај. Амбицијата е да се заврши за 5 години. Проектот ќе чини најмалку 2 милијарди евра. Финансирањето е обезбедено преку Договорот за стратешко партнерство што го потпишавме со Обединетото Кралство. Условите се многу поволни, што значи дека започнуваме и мислам дека за не повеќе од 5 години ќе има брза железница која ќе можеме да ја користиме за карго, но исто така и за патници.

Тоа ќе ја смени реалноста во регионот. Скопје – Солун ќе се патува за 1 час и 25 минути.  Скопје – Белград ќе ќе се патува за 2 и пол часа, така што тоа е целосно, целосно поинаква реалност.

А, товарен воз од Атина ќе стигнува во Виена за помалку од 24 часа, а од Солун до Будимпешта за околу 12 до 14 часа, што е комплетна промена на реалноста”, се обрати Николоски.

 

Најнови вести од: Регион

Борисов кажа што треба да направи Македонија за да почне, а што понатаму за да продолжи преговори со ЕУ

Го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија

Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност (ГАЛЕРИЈА)

На самитот учествуваат претставници од седум европски држави и меѓународни финансиски институции. Македонија ја претставува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски

Николоски во Солун на Самит за инвестиции во транспортната инфраструктура

Ќе се обрати на панелот „Остварување на проширувањето на TEN-T: Приоритети на инфраструктурата и инвестициски предизвици во Западен Балкан“, каде ќе ги претстави тековните и идните проекти во патната и железничката инфраструктура на коридорите 8 и 10 и ќе укаже на важноста од координиран пристап за инфраструктурното поврзување

Вучиќ: За три-четири месеци ќе има избори во Србија, можеби и двојни

Александар Вучиќ, претседателот на Србија зборуваше за најавеното заминување од функцијата. Тој истакна задоволство од сработеното, но во исто време рече дека чувствува и страв, и надеж за иднината на државата.

To top