Регион

Павлов: Цар Самоил да се прогласи за светец

За канонизацијата би требало да одлучуваат надлежните црковни органи на Бугарската православна црква по темелно разгледување на историските и црковните извори

Треба да се размисли за канонизација на цар Самоил.

Овој став го изнесе историчарот проф. Пламен Павлов во интервју за Бугарското национално радио (БНР).

„За нашите предци тој бил свештена личност… Враќањето на неговите посмртни останки – јас ги нарекувам мошти – беше еден вид чудо; тоа ги надмина партиските граници и идеологиите, обединувајќи луѓе со најразлични убедувања. Кога се поставуваше споменикот на цар Самоил, ние инсистиравме тој да биде сместен до црквата „Света Софија“, каде што еден ден би почивале неговите мошти – и ете, тие навистина се таму. Ова е чин на историска правда и сеќавање“, истакна тој.

Проф. Павлов е дециден дека нема никаков сомнеж оти станува збор за посмртните останки на цар Самоил.

„Тука нема ништо недокажано. Проф. Николаос Муцопулос – научник од огромен калибар и со голем интегритет – детално ги изложи доказите во својата книга, објавена во 2007 година .

Затоа, апелирам до Министерството за култура и Министерството за образование да иницираат потемелни археолошки истражувања во Преспа и на други места. Постои огромен потенцијал повторно да го откриеме – или да ѝ го претставиме на пошироката јавност – нашето свето наследство што се наоѓа во странство; поседуваме многу такви реликвии во други земји за кои сè уште не знаеме“, нагласи историчарот за БНР.

Тој смета дека Самоил бил света личност и дека постојат причини да се разгледа таквата можност.

Сепак, мора да напоменеме дека тоа е предлог на историчар, а не црковна одлука. За канонизацијата би требало да одлучуваат надлежните црковни органи на Бугарската православна црква, по темелно разгледување на историските и црковните извори.

Ако Бугарската православна црква го канонизира Самоил, тоа би било пред сè црковно признавање на неговата светост според бугарската црковна традиција.

Самото прогласување за светец, меѓутоа, не претставува доказ дека тој припаѓал на некоја современа нација, ниту само по себе решава историски спорови за неговиот идентитет.

Канонизацијата е верски чин, а не историска титула или политичко прогласување.

Прашањето е чувствително затоа што цар Самоил е поврзан со средновековната држава чиј центар бил во областите на денешна Македонија, особено во Преспа и Охрид.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top