Регион

Победата на Радев се’ поубедлива

Според Изборниот законик, ЦИК мора да ги објави добиените гласови и распределбата на мандатите меѓу партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите

Централната изборна комисија (ЦИК) објави привремени резултати на својата веб-страница со обработени 78,24% од протоколите Податоците се од 8:00 часот утрово. Резултатите од изборите на 19 април за пратеници во 52-от состав на парламентот ја покажуваат следната распределба:

„Прогресивна Бугарија“ – 44,481% или 1.099.834 луѓе.

„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) – 13,651% или освоени 337 534 гласови.

325.989 гласови освои коалицијата предводена од Бојко Борисов ГЕРБ-СДС , што е 13,184% од бројот на гласачи.

Следни се ДПС – со 144.768 гласови и 5,855% поддршка.

„Вазраждане“ со 109.586 гласови или 4,432% поддршка

Според Изборниот законик, ЦИК мора да ги објави добиените гласови и распределбата на мандатите меѓу партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите, а имињата на избраните пратеници – најдоцна седум дена по денот на изборите.

Вчера во Бугарија се одржаа осмите избори за Националното собрание од 2021 година.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top