Регион

Полицискиот шеф на Русе претепан пред сопругата и детето, одвај му го спасиле бубрегот!

Закрепнувањето на директорот на Регионалната дирекција на МВР на Бугарија ќе трае два месеца

Високиот комесар Николај Кожухаров, директор на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи на Бугарија во Русе, бил претепан пред очите на неговата сопруга и нивното малолетно дете.

Неговата состојба е сè уште сериозна, но животот му е надвор од опасност, уверија лекарите.

Како последица од тепањето, тој изгубил 1,5 литри крв и бил подложен на операција што му го спасила животот, а со која лекарите му го спасиле едниот бубрег. Неговото закрепнување ќе трае два месеца.

Кожухаров беше претепан вчераутро пред својот дом откако им упатил забелешка на млади мажи кои се движеле со своите автомобили. Тие беа идентификувани и приведени.

Тројца од нив имаат 19 години, а четвртиот 15 и немаат претходно криминално досие.

Во случајот се поднесени две обвиненија.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top