Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Во споменатата анализа, објавена денес, „Политико“ натаму пишува:„ Скопје нагласува дека сака повеќе: ‘Заслужуваме да бидеме во многу понапредна позиција отколку што сме во моментов’, изјави министерот за надворешни работи на С.Македонија, Тимчо Муцунски’ за Политико’. Тој изнесе забелешки дека на Скопје и порано му биле давани ветувања. ‘Нам уште порано ни имаат кажано ‘Во рок од пет години, ќе станете земја-членка на ЕУ!’ – изјави шефот на македонската дипломатија Муцунски за Политико.“

„Нетпрес“, пак, објави:  Економските придобивки, кои ги нуди ЕУ, би биле условени и можат да се одземат ако земјите што не се членки се спротивстават на демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот Европската Унија ќе ја отвори својата економија за земјите што чекаат да се приклучат во нејзините редови, под услов да се согласат да застанат на страната на блокот против непријателските држави и индустриските соперници, според нацрт-предлогот на Европската комисија, објави „Политико“.

На земјите-кандидатки – од кои некои чекаат со децении да станат членки на ЕУ (Македонија е кандидат од 2005) – ќе им биде понудена „постепена интеграција“ во единствениот пазар, додека нивните апликации се работат, според нацрт-планот. Како дел од пакетот мерки на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“, обликувани да го забрзаат процесот на пристапување во наредните години. Кај Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува – со растечки стравувања дека ќе се оттргнат или ќе гравитираат поблиску до Русија или Кина.

„Во чекалницата“

Фон дер Лаен денеска слета во Албанија како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Таа ќе ги посети и Косово и Македонија, кои ќе го пропуштат забрзаниот пат за пристапување кон ЕУ. Според документот на ЕУ, крајната цел на земјите-кандидатки треба да биде да станат полноправни членки на ЕУ. „Сепак, пристапувањето бара време: земјите-кандидатки мора да завршат ригорозен процес базиран на заслуги и да спроведат далекусежни и трајни реформи. Тоа време треба целосно стратешки да се искористи за да се подготви Унијата за поголемо членство и да се продлабочи постепената интеграција во областите од заеднички интерес.“ – се посочува во тој документ.

Сепак, придобивките ќе зависат од тоа дали земјите ќе го направат својот дел: „Онаму каде што овие обврски не се исполнети, учеството мора да остане повратно. Пристапот треба да се суспендира или повлече каде што е потребно“, се предупредува во предлогот. Комесарот за проширување Марта Кос, изјави дека новите предлози, во комбинација со поддршката од главните градови за забрзување на проширувањето нудат можност за „есен на проширување“ во која можат да се направат невидени промени, објави „Нетпрес“

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top