Регион

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

Сатиричната емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ повеќе нема да се емитува на телевизијата Нова С. Договорот нема да биде продолжен по неуспешните преговори меѓу екипата на емисијата и новото раководство на компанијата „Adria News Network“ (ANN), сопственик на телевизијата. Од „ANN“ како главна причина ја наведуваат високата цена на продукцијата. Според нивната анализа, емисијата била меѓу најскапите ставки во програмата на Нова С.

Од компанијата тврдат дека годишниот трошок за емисијата надминувал 500.000 евра, иако годишно се произведувале помалку од 30 часа програма. Во трошокот, според „ANN“, не влегувал само хонорарот на водителот Зоран Кесиќ, туку и целокупната продукција – снимањето во студијата на телевизијата, користењето на опремата и ангажманот на вработените.

Од „ANN“ оценуваат дека комерцијалниот ефект на емисијата бил „маргинален“ и дека поради тоа трошокот не можел да биде оправдан.

  • Затоа одлучивме да не го продолжиме договорот за емисијата – наведуваат од компанијата.

Одлуката доаѓа во период кога Нова С има ново раководство. Телевизијата е во сопственост на „Adria News Network“, која неодамна беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Alpac Capital“.

Од „ANN“ велат дека финансиската дисциплина ќе биде еден од принципите во работењето и дека ваквите одлуки се неопходни за долгорочната одржливост на телевизијата и нејзиното новинарство.

  • Таквата финансиска дисциплина, на крајот, служи за зачувување на долгорочната одржливост на нашето новинарство и за заштита на нашата способност да инвестираме во новинарите кои го создаваат – наведуваат од ANN.

Од компанијата истовремено посочуваат дека додека анализата на трошоците сè уште траела, „надворешен добавувач“ решил јавно да зборува за случајот, и тоа писмено и во програмата на самиот канал.

Емисијата „24 минути со Зоран Кесиќ“ е позната по сатиричниот пристап кон политичките и општествените случувања во Србија и регионот. Нејзиното прекинување претставува една од првите позначајни промени во програмата на Нова С по промената на сопственичката и управувачката структура.

Најнови вести од: Регион

Постепената интеграција е единствениот пат до членство – Еди Рама бара нов пристап на ЕУ кон Западен Балкан

Франција и Германија поддржаа идеја за „структурирана постепена интеграција“ на земјите-кандидатки, со можност постепено да добиваат пристап до одделни европски формати и политики.

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Се готви политички земјотрес во ЕУ, во тек е и тивка битка меѓу Урсула Лаен и Каја Калас

„Берлин и Париз бараат да се расчисти кој ќе ја води европската дипломатија. Во позадината на институционалната расправа се води и борба за политичка моќ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во последните години презеде исклучително активна улога во надворешната политика. На Каја Калас тоа не ѝ се допаѓа.“ – објави „Плус инфо“.

To top