Регион

Пожар ја „голта“ зградата на хрватски „Вјесник“ во Загреб (ВИДЕО)

Облакодерот на редакцијата на хрватски „Вјесник“ во Загреб,  каде што синоќа кратко пред полноќ избувна пожар, утрово сè уште гори, делови од фасадата паѓаат, а загрепските пожарникари се борат со пожарот цела ноќ.

Пожарот што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.

Се проценува дека ќе биде потребен цел ден за да се изгасне.

Дури 93 пожарникари со 30 возила го гаснат пожарот.

Според досегашните информации, во моментот на пожарот немало никој во зградата.

Штетата е голема. Иако поголемиот дел од зградата беше напуштен, внатре има многу опрема и документи. Пријавата стигна околу 23 часот, интересно, само од еден граѓанин. Обично добиваме повеќе повици при вакви пожари – изјави командантот на Јавната противпожарна служба на Загреб, Синиша Јембрих.

Toj уверува дека нема опасност од уривање на зградата.

Штом видовме отворен пламен, веднаш побаравме дополнителна интервенција. Опасно е бидејќи, кога екипите почнаа да се качуваат и да го гаснат пожарот, видовме дека пожарот почнал да се појавува на долните катови, дури и на приземјето, што значи дека се ширел низ вентилацијата“, рече Синиша Јембрих.

Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде во зградата на „Вјесник“ утрово.

„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.

Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е од најголема важност“, додаде тој.

Томашевиќ додаде дека причината за пожарот сè уште не е позната:

„Постојат некои сомневања, но ќе се спроведе истрага на лице место“.

 

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

To top