Регион

Просечната плата во Црна Гора достигна 1.033 евра

Раст од четири евра во однос на април

Просечната нето-плата во Црна Гора во мај 2026 година достигна 1.033 евра, што е за четири евра повеќе во однос на април, покажуваат најновите податоци на Управата за статистика – Монстат.

Просечната бруто-плата во истиот период изнесувала 1.234 евра. На месечно ниво, нето-платата номинално пораснала за 0,4 проценти, додека во споредба со мај минатата година е повисока за 1,9 проценти, односно за 19 евра.

Сепак, поради тоа што потрошувачките цени во мај исто така се зголемиле за 0,4 проценти, реалниот раст на платите практично бил неутрализиран, што значи дека куповната моќ на граѓаните останала непроменета.

Највисоки просечни примања во мај имале вработените во секторот финансии и осигурување, каде што просечната нето-плата достигнала 1.670 евра. Следуваат секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа со 1.480 евра, како и информатичко-комуникациските дејности со просек од 1.305 евра.

Над државниот просек биле и платите во секторите недвижности, рударство, стручни и научни дејности, здравство и социјална заштита, како и јавната администрација. Од вкупно 19 анализирани сектори, само осум имале плати повисоки од државниот просек.

Најниски примања се регистрирани во административните и помошните услужни дејности, каде што просечната нето-плата изнесувала 861 евро. Следуваат секторите уметност, забава и рекреација, земјоделство, шумарство и рибарство, како и водоснабдување и управување со отпад.

Разликата меѓу најплатениот и најслабо платениот сектор достигнува 809 евра, при што просечната плата во финансискиот сектор е речиси двојно повисока од онаа во административните и помошните услуги.

Најнови вести од: Регион

Негираат дека имало притисок врз „бегалката“

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

To top