Регион

Радев бара Франција да го ослободи Саркози од затвор

За извонредните напори на францускиот претседател, кој, заедно со неговата сопруга, вложи огромни напори за ослободување на бугарските медицински сестри осудени на смрт во Либија пред дваесетина години

Бугарскиот претседател повика на ослободување од затвор на поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој е во затвор осуден за корупција.

Радев го објави ова на церемонија вчера каде што му врачи Медал на честа на британскиот амбасадор во Либија од 2002 до 2006 година, Ентони Лејден, за неговите исклучителни заслуги за Бугарија, демонстрирани преку неговата лична посветеност и професионален придонес за ослободувањето на бугарските медицински сестри.

Да потсетиме, пет бугарски медицински сестри и еден палестински доктор беа осудени на смртна казна, бидејќи наводно намерно инфицирале со вирусот на сида стотици либијски деца во една болница во Бенгази. Тие беа во затвор осум години и го отфрлаат обвинувањето. Бугарија му даде државјанство на палестинскиот доктор со цел тој да може да биде екстрадиран во Бугарија во случај на ослободителна пресуда на Врховниот суд.

„Дозволете ми да го искористам овој свечен момент да одадам уште едно признание за извонредната емпатија на еден француски политичар – во тоа време претседател на Франција – кој, заедно со неговата сопруга, вложи огромни напори за ослободување на нашите медицински лица – рече Радев.

Денес тој е во затвор и има потреба од нашата поддршка и емпатија, со кои ќе ја изразиме нашата вистинска благодарност.

Затоа, ги поддржувам изјавите на претседателите Петар Стојанов и Георги Прванов, на поранешни министри, политичари и јавни личности кои ја прифатија каузата за неговото ослободување како своја должност, а исто така упатувам апел до европските политичари и јавни личности – за ослободување на претседателот Саркози“.

Никола Саркози беше осуден на 5 години затвор за склучување договор за корупција со режимот на покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи, во замена за финансирање на неговата кампања на француските претседателски избори во 2007 година. На 21 октомври, тој влезе во парискиот затвор Ла Санте за да ја отслужи казната. Неговата казна не е политичка, туку за корупција.

Саркози има уште две претходни пресуди и му е одземено највисокото француско одликување, Легијата на честа, пренесе бугарски Сега

Најнови вести од: Регион

Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 20 лица за воени злосторства извршени во Ѓаковица во 1998 и 1999 година, а според Радио Слободна Европа меѓу обвинетите е и поранешниот потпретседател на Српска листа, Милан Радоичиќ

Радев: Во Втората светска војна Бугарија ја спаси целата своја еврејска заедница од ужасите на нацистичките логори!

Бугарија има долга традиција на етничка и верска толеранција, а нејзините институции категорично ги осудуваат манифестациите на говор на омраза, ксенофобија, расизам и антисемитизам, порача бугарскиот премиер Румен Радев како одговор на новинарско прашање за инцидентот во Банско со група млади Евреи од Италија. Инцидентот се случил во познатото бугарско одморалиште на 2 август, додека во градот се одвивал големиот џез фестивал.

To top