Регион

Рама ги навреди Албанците од Македонија обвинувајќи ги дека се најголеми загадувачи

Оние „кои сакаат да војуваат“ со Србија на стадионите се најголемите загадувачи

Албанскиот премиер Еди Рама ги нападна албанските туристи од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“.

За него тие се најголеми загадувачи на плажите во Албанија и покрај тоа што се претставуваат како најпатриотски настроени.

Тој вели дека не оние што зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние што зборуваат албански, оние „кои сакаат да војуваат“ со Србија на стадионите се најголемите загадувачи.

Рама додаде дека планира да ја забрани и музиката „талава“ во баровите на плажата.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top