Регион

Румен Радев ја одби поканата за средба во Париз

Радев прво рече дека Бугарија ќе учествува во финансиската помош на НАТО според своите можности, за потоа да истакне дека нема пари за тоа.

Бугарскиот премиер Румен Радев ја одби поканата на францускиот претседател Емануел Макрон да учествува на средбата на коалицијата за помош на Украина, што се одржа во Париз.

„Ние нема да учествуваме во коалиција која инсистира на продолжување на финансиската и воената помош за Украина. Ние не даваме таква помош затоа што верувам дека решението на овој конфликт не е во неговото продолжување со воени средства, туку во силна дипломатска мисија, која конечно ќе стави крај на ескалацијата“, изјави Радев.

Тој ја презеде функцијата на 8 мај, а неговата влада објави дека Бугарија повеќе нема да обезбедува воена опрема за Украина. Радев прво рече дека Бугарија ќе учествува во финансиската помош на НАТО според своите можности, за потоа да истакне дека нема пари за тоа.

Радев се дистанцираше и од најавата за нов сојуз на европски земји чија цел е заедничка одбрана од можни напади со балистички ракети. Групата ги вклучува Украина, Франција, Германија, Данска, Италија, Холандија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и Норвешка.

Бугарскиот премиер, исто така, побара да се процени ефикасноста на европските санкции против Русија.

„Кога ќе го воведеме 21. пакет санкции, мора да се запрашаме зошто стигнавме до оваа точка и што се случи со претходните 20 пакети. Тие очигледно не ја постигнуваат целта. Санкциите мора да бидат структурирани така што нема да им наштетат на земјите кои ги воведуваат“, рече тој.

Со оваа позиција, Радев ја потврди својата досегашна линија на претпазливост кон воената поддршка за Украина и фокус на дипломатско решение на конфликтот.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top