Регион

САД објавија прекин на стратешкиот дијалог со Косово

Техничката влада на Албин Курти ја ограничува способноста на Соединетите Американски Држави продуктивно да работат со Косово по заеднички приоритети

Соединетите Американски Држави го прекинаа на неодредено време планираниот стратешки дијалог со Косово поради загриженост за активностите на привремената влада кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, се вели со соопштението од амбасадата во Приштина во кое се вели дека техничката влада на Албин Курти ја ограничува способноста на Соединетите Американски Држави продуктивно да работат со Косово по заеднички приоритети.

,,Остануваме посветени на унапредување на заедничките интереси што ги делат Соединетите Американски Држави и народот на Косово. Нашиот однос со Косово се заснова на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, неодамнешните активности и изјави на привремениот премиер Курти претставуваа предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години.

Стратешкиот дијалог имаше за цел да ги зајакне економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што ја приоритизира народот на Косово”, се вели во соопштението на амбасадата на САД во Приштина.

Најнови вести од: Регион

Кос ја „предупреди Турција“: Задушувањето на опозицијата, ЛГБТ-заедницата и медиумите ве оддалечува од ЕУ!

„Неодамнешните случувања поврзани со слободата на печатот, ЛГБТИК+ правата и локалната демократија, дополнително го зголемуваат јазот меѓу Турција и нејзината цел за приклучување кон Европската Унија“, рече еврокомесарката за проширување на ЕУ Марта Кос во турскиот град Едрене, во близина на границата со Бугарија.

To top