На западната железничка станица во Загреб 12-годишно момче доживеа струен удар додека се качувал по вагоните. Итно беше пренесен во Клиниката за трауматологија, каде му беа констатирани тешки повреди.
Според првичните полициски информации, малолетникот се качувал на вагоните на товарен воз.
ХЖ Инфраструктура потврди дека струјниот удар дошол од контактната мрежа, но сè уште не е јасно дали го допрел проводникот или дошло до електричен краток спој.
Момчето се качило на висина од околу четири метри, каде било погодено од високонапонска струја. Во моментов се наоѓа во Детската клиника.