Хроника

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајки во Скопје

Двете лица настрадале по судир со патнички возила, едното со дипломатски регистарски ознаки, соопшти МВР

Две лица што управувале мотоцикли го извлекле подебелиот крај во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје.

„На  12.06.2026 во 08:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“, ул.„Трајко Иванов“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (65) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л. (37), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, е заведено во билтенот на Министерството за внатрешни работи.

„На 12.06.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се сличила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со дипломатски регистарски ознаки, управувано од Г.С. (61) и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С. (38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели за другата сообраќајка.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top