Регион

Северина се појави во Брисел – да зборува за правото на абортус

Северина во борба за правото на абортус

Хрватската пејачка Северина, позната по својата долга уметничка кариера и активизмот за човекови права, денеска упати силно и емотивно обраќање до Европскиот парламент и до јавноста за правото на абортус.

– Реалност е дека сите ние, вклучувајќи ги и претседателката на Европската комисија и претседателката на Европскиот парламент, сме третирани како граѓанки од втор ред – изјави Северина. „Жени на кои многу држави во Унијата сè уште не им го признаваат правото на сопствен избор – на телото, на одлуката, на животот“.

Во говорот таа ја осуди улогата на државата во ограничувањето на репродуктивните права, истакнувајќи дека наместо општества во кои жените живеат слободно и достоинствено, се создаваат системи каде што „женските тела и животи се ставени под контрола на државната власт – во име на некаква традиција“.

– Но тоа не е нашата традиција – нагласи Северина. „Тоа не е традиција на Европската Унија, ниту на Европејките. Нашата вистинска традиција е слободата – и ние сме решени да ја зачуваме“.

Таа исто така посочи дека низ цела Европска Унија се собрале 1,2 милиони потписи, од кои 65.963 во Хрватска, во рамки на иницијатива која има за цел да обезбеди достапен, бесплатен и безбеден прекин на бременоста за сите жени во ЕУ.

На крајот, Северина испрати порака до европратениците:

-Ќе успееме. Ќе го постигнеме ова. Вашата одлука, господа европратеници, е едноставна: дали ќе бидете на правилната или на погрешната страна на историјата. Дали ќе можете да им погледнете во очи на жените, и во огледало на себеси? Или ќе останете запаметени како арогантни насилници и – истовремено – поразени губитници.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top