Регион

Силен земјотрес вечерва ја вознемири Грција

Потресот со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран 20 километри северозападно од Јанина

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција.

Потресот е регистриран на 149 километри од Лариса и 20 километри северозападно од Јанина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 5 километри под површината на земјата во 22:10 часот по средноевропско време.

 

Најнови вести од: Регион

To top