Регион

Србија се подготвува за воен напад од Косово, Албанија и Хрватска

Меѓу редови порача дека може да употреби кинески хиперсонични ракети воздух-земја со дострел до 400 километри

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четвртокот изјавил дека Белград внимателно ја следи воената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово, тврдејќи дека Србија се подготвува за потенцијален напад.

„Тие чекаат поволен момент. Ние се подготвуваме за нивниот напад“, рече Вучиќ во интервју за Радио Телевизија Србија (РТС).

Неговите забелешки се однесуваа на трилатералната декларација за одбранбена соработка потпишана од Хрватска, Албанија и Косово во Тирана на 18 март 2025 година, која формално има цел зајакнување на безбедносната соработка и воената интероперабилност меѓу трите земји.

Зборувајќи за одбранбените капацитети на Србија, Вучиќ рече дека земјата поседува кинески хиперсонични ракети воздух-земја со дострел до 400 километри.

„Имаме кинески хиперсонични ракети, воздух-земја, со дострел до 400 километри“, рече тој, опишувајќи ги како меѓу најнапредните системи на оружје.

Вучиќ, исто така, рече дека Србија одржува добри односи со НАТО, додека продолжува да води политика на воена неутралност.

Коментирајќи ги односите со Хрватска, српскиот претседател го обвини Загреб дека се обидел да ја поткопа Србија во текот на изминатата година и пол и дека се мешал во нејзините внатрешни работи.

Неговите забелешки доаѓаат во време на тековната дебата за безбедносните и одбранбените политики на Западен Балкан, каде што воената модернизација и политичките тензии се интензивираа во последните години.

Евентуалната трета Балканска војна би се случила 113 години откако Србија војуваше со Бугарија.

Терминот Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија формирале балкански сојуз против Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.

Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

Муцунски оствари средба со францускиот министер за Европа, Хадад

Ја истакнав цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција, објави шефот на македонската дипломатија

To top