Регион

Убедлив триумф на Радев со Прогресивна Бугарија, според првите резултати

Со 37,5 проценти од гласовите, партијата на експретседателот ќе има мнозинство од 105 пратеници од вкупно 250 во Собранието

Прелиминарните резултати од парламентарните избори кај источниот сосед на Македонија навестуваат уверлива победа на експретседателот Румен Радев со неговата новоформирана партија Прогресивна Бугарија со 37,5 проценти од гласовите.

Далеку зад „прогресивците“ на донеодамнешниот шеф на државата е коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов со 16,2 отсто, а трет е коалицискиот двоец Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија со 14,3 отсто.

Во новиот состав на Собранието ќе влезат уште три политички субјекти, и тоа Движењето за права и слободи (ДПС) со 8,4 проценти, Преродба со 4,9 отсто и Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 4,1 отсто.

Ако остане вака, во Парламентот од 250 члена огромно мнозинство, но недоволно за самостојно формирање влада, ќе има Прогресивна Бугарија со 105 мандати, пред ГЕРБ-СДС со 46, ПП-ДБ со 40, ДПС со 24, Преродба со 14 и БСП со 11.

Под цензусот од 4 проценти се МЕЧ, Алијанса за права и слободи (АПС), Величие, „Сијание“ и досега парламентарната Има таков народ на Слави Трифонов, која совои само 1 отсто гласови, според првичните резултати,

Излезеноста на избирачите до 19 часот беше 46,76 проценти.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

Марта Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè, што се случува во стадото!

„Треба да им кажете што да прават, тие ве слушаат… Понекогаш се чувствувам како овчарка, која бдее над сè што се случува во стадото. Имам многу моќ во оваа улога, но вистинската преобразба случува само кога луѓето ја чувствуваат – изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред студентите на Факултетот за политички науки во Подгорица, каде вчера одржа предавање.

To top