Регион

Влез во Грција привремено ќе може и без земање биометриски податоци

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено или делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот

При зголемен сообраќај, регистрацијата ќе може да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември.

Ова произлегува од од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период, со километарските колони што во одредени денови се создаваат на копнените гранични премини, особено на „главната порта за влез/излез“, како што во Грција се нарекува граничниот премин Евзони, освен натписите во медиумите, реакциите од хотелиерите од северниот дел на земјата, неколку пратеници од различни партии, преку пратенички прашања доставени до надлежното Министерство побараа одговори и објаснувања за новиот систем на ЕУ за биометриска регистрација на сите државјани од трети земји.

Дописничката на МИА од Атина, разгледа три одговори на пратенички прашања, двете прашања се од пратеници на Нова демократија, едно од партијата Ники (Победа), додека пак одговорите, сите потпишани од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција, Јоанис Ламбропулос, се два од 21 мај и последниот од 27 мај 2026 година.

Доколку се анализираат овие официјални писмени одговори од Министерството за заштита на граѓаните на Грција, што е надлежно за полицијата и за контролите на граничните премини, произлегува дека европската регулатива мора да се имплементира, меѓутоа, дава можност првично до 8 јули, а потоа автоматски се продолжува до 6 септември, доколку има исклучително голем сообраќај и предолги редици, властите привремено да ја намалат употребата на биометриските проверки за да се забрза протокот на патници, односно регистрацијата во системот да се спроведува регуларно, но без фотографирање и земање отпечатоци.

Системот за влез и излез – новата постапка за пасошка контрола на државјани на трети земји при преминување на надворешните граници на Европската Унија и нивниот влез/излез од Шенген-зоната, a целосната примена на системот беше воспоставена на 10 април 2026 година, при што целосно ја замени досегашната практика на ставање печати во патните исправи.

 

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top