Регион

Во Грција казнуваат и ако се вози бавно

Според законот, возачите не смеат да го попречуваат нормалниот сообраќај

 

Казната, која е 30 евра, се изрекува затоа што спорото возење го попречува сообраќајот.

На автопатите постои ограничување не само за максималната брзина, туку и за минималната.

Брзината по автопати и експресни патишта, не треба да падне под 70 км на час. Ако возилото не може да одржи таква брзина, мора да се „премести“ на друг пат по кој може да се движи побавно.

Знакот за минимална брзина е кружен, со сина позадина, бројот е во бела боја.

Според член 23 од законот, возачите не смеат да го попречуваат нормалниот сообраќај.

Секако, се предвидени и исклучоци. Казна не се изрекува ако патот е во лоша состојба и возачите се принудени да возат побавно. Неповолните временски услови се исто така оправдана причина, како и густиот сообраќај, каде што намалувањето на брзината е неизбежно, , пишува бугарски „Сега“

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top