Регион

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“

Фестивалот се одржува под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец.

„ На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ –  вечер исполнета со македонски ора, песни, носии и традиција. Ве очекуваме да бидеме заедно и да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави“, објави Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“.

Темелко додава дека оваа значајна манифестација се одржува под мотото „Македонија обединува“, од каде ќе се испрати пораката дека „фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината”.

„Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. Ќе настапат фолклористи од Република Македонија или Вардарска Македонија, Егејска и Пиринска Македонија и Мала Преспа. Македонската песна ќе одекне, ќе се вие македонско оро а нашата традиција ќе нè обедини како едно“, изјави за МИА, Темелко.

Фестивалот почнува во 18 часот, а покрај КУД и фолклорни групи ќе настапат и Блага Петревска и Круме Спасовски. (МИА)

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top