Регион

Воведување на еврото ѝ носи на Бугарија заштеди во милијарди, велат од Европската централна банка

Бугарија нема да ја изгуби контролата врз монетарната политика, бидејќи гувернерот на Народната банка на Бугарија добива право на глас во Одборот на гувернери на ЕЦБ, додека привременото зголемување на цената за време на размената на валути ќе биде помеѓу 0,2 и 0,4 проценти, се вели на веб-страницата на ЕЦБ.

Со усвојувањето на еврото од почетокот на следната година, Бугарија ќе постигне поголем просперитет и безбедност и ќе ја зајакне својата улога во Европската Унија, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард во Софија. Според неа, просечниот бруто домашен производ на Бугарија по глава на жител се зголемил во периодот 2015-2025 година од една третина на речиси две третини од просекот на Еврозоната. Таа, исто така, истакна дека 65 проценти од бугарскиот извоз оди во Европската Унија, а 45 проценти во земјите од Еврозоната.

  • Исчезнувањето на трошоците за конверзија ќе донесе заштеди од околу една милијарда лева годишно за компаниите, додаде таа.

Еврото, како што забележува Лагард, исто така обезбедува стабилност и заштита од валутни шокови. За мали и отворени економии како Бугарија, изложеноста на флуктуации може да биде силна, а членството во Еврозоната обезбедува целосна заштита од промени на девизниот курс и ја зајакнува конкурентноста на бугарските компании.

Таа изјави дека дел од бугарската јавност се плаши од губење на суверенитетот и зголемување на цените.

Лагард објасни дека Бугарија нема да ја изгуби контролата врз монетарната политика, бидејќи гувернерот на Народната банка на Бугарија добива право на глас во Одборот на гувернери на ЕЦБ, додека привременото зголемување на цената за време на размената на валути ќе биде помеѓу 0,2 и 0,4 проценти, се вели на веб-страницата на ЕЦБ.

Со прифаќањето на еврото, Бугарија го потврдува својот европски идентитет и стабилност, ја зајакнува институционалната отпорност и создава поволни услови за развој на мали и средни претпријатија, со што се зголемува животниот стандард на граѓаните на долг рок, рече Лагард, пренесува Б92.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top