Регион

Вучиќ: Во потрага сме по двајца снајперисти дојдени пред неколку денови во Белград

Српскиот претседател вечерва изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград, но не прецизираше кој би можел да биде целта.

Српскиот претседател вечерва изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград, но не прецизираше кој би можел да биде целта. Изјавата ја даде за белградска телевизија Прва, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста.
„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.

Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.

„Но, тоа е нивниот единствен пат, немаат друг начин. Не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат на изборите и тоа го знаат многу добро“, рече Вучиќ.

Тој процени дека 10-15, до 20 проценти од луѓето во Србија биле „крајно разочарани“ по собирот во Нови Сад на 1 ноември, тврдејќи дека биле „апсолутно сигурни дека се е завршено и дека е прашање на време кога ќе ја дофатат власта и управувањето со парите“.

„Тие го прават тоа поради пари, а не поради идеи и идеали што ги немаат. А потоа тоа не се случило и нема да се случи“, тврди српскиот претседател.

Зборувајќи за вчерашните инциденти во шаторската населба пред Домот на Народното собрание, тој рече дека луѓето во Пионирски парк „биле нападнати без каква било причина“, и дека вчера биле нападнати седум простории на СНС во Србија.

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

To top