Регион

„За дом спремни“ од татко до ќерка: Се загрева ли ,,Балканскиот котел”?

Ризикот од грешка или ескалација е повисок во мултиполарен свет каде НАТО и ЕУ имаат ограничена моќ, а Русија сè уште влијае врз одредени актери.

Дива, најстарата ќерка на познатиот хрватски пејач Марко Перковиќ Томпсон – националистички ориентиран уметник кој се прослави со песни од периодот на ,,Домовинската војна” – моментално поминува воен рок во Пожега.

Според податоците од Министерството за одбрана на Хрватска, од вкупно 800 регрути кои на 9 март 2026 година започнаа двомесечно темелно воено оспособување, 82 се жени – меѓу нив и Дива Перковиќ, која се пријавила доброволно.

Регрутите се распоредени во неколку бараки, а Дива е сместена во Појега, каде што овој петок (20 март) ќе се одржи свечена заклетва на новиот нараштај. Медиумите јавуваат дека се очекува присуство на нејзиниот татко, Марко Перковиќ Томпсон, кој ќе дојде да ја поддржи ќерка си, заедно со многу други родители.

Извори блиски до семејството велат дека Дива се вклопила меѓу другите регрути без никакви посебни привилегии и дека се прилагодила на средината како и сите останати.

Ова е првпат по обновувањето на обврзниот воен рок во Хрватска што ќерка на толку познат јавен лик доброволно се пријавила за служба, што предизвика зголемен интерес во јавноста и медиумите.

Во исто време, безбедносната ситуација на Балканот останува загрижувачка поради зголемените тензии и прегрупирањата во регионот.

Хрватска, Албанија и Косово интензивно ја продлабочуваат воената соработка преку трилатерални договори од 2025 година, заеднички вежби (оваа година планирани три: две во Загреб и една во Тирана) и проекти како заедничко производство на оклопни возила.

Овие чекори се гледаат како одбранбена мерка против перцепираните закани, но предизвикуваат остри реакции во Србија, каде претседателот Вучиќ неодамна изјави дека Белград внимателно ги следи овие сојузи и се подготвува за можни сценарија, вклучително и набавка на напредни системи од Кина.

Од друга страна, Србија ја продлабочува соработката со Унгарија преку годишни планови за одбранбена соработка, што вклучува заеднички активности и набавки, што дополнително ја зголемува поделбата во регионот.

Аналитичарите предупредуваат дека ова создава безбедносен дилема: одбранбените модернизации на една страна ги зголемуваат перцепираните ризици кај соседите, што води до нови инвестиции во оружје и зголемена воена присутност (на пр. зголемена концентрација на српски сили кон границата со Косово во периоди на тензии).

Овие процеси се одвиваат во сенка на пошироки глобални кризи, како конфликтот во Блискиот Исток (војната на САД и Израел против Иран), што ги зголемува поделбите во Западен Балкан – некои земји (Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија) се усогласени со западните позиции, додека Србија одржува неутралност и одржува врски со Русија и Кина.

Ризикот од грешка или ескалација е повисок во мултиполарен свет каде НАТО и ЕУ имаат ограничена моќ, а Русија сè уште влијае врз одредени актери.

Белград во страв дека Бугарија ќе ги нападне Македонија и Јужна Србија – Вучиќ се вооружува „до заби“

 

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

To top