Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

facebook.com/alex.trajkovski.7

Александар Трајковски денеска објави дека се повлекува од македонската фудбалска репрезентација, оставајќи емотивна порака на социјалната мрежа Фејсбук.

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

„Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се опише со зборови. Да ја претставуваш својата земја, својот народ, своето семејство… Тоа е нешто што се чувствува, не се објаснува. Секој повик во репрезентацијата за мене беше како прв“, напиша Трајковски.

Тој додаде дека секој натпревар бил битка, а секој гол момент што ќе го носи во срцето засекогаш. Посебно ги истакна соиграчите, кои за него станаа браќа, како и навивачите кои биле нивна најголема поддршка.

„Имаше и тешки моменти… Порази кои болеа, но и победи кои не учеа што значи вистинска радост. Во сите тие моменти, едно нешто никогаш не се промени – љубовта кон дресот и желбата да се даде максимумот за нашата земја“, напиша тој.

Трајковски призна дека во изминатиот период чувствувал дека неговиот труд и залагање не биле доволно вреднувани, но сепак изрази огромна благодарност до сите навивачи, соиграчи и сите кои биле дел од неговото патување во репрезентацијата.

„Ова не е лесна одлука… Заминувањето боли, но истовремено носи и гордост. Гордост што имав чест да бидам дел од оваа репрезентација и да го носам овој дрес со срце. Репрезентацијата не е само тим – тоа е семејство“, истакна фудбалерот.

На крајот од емотивната порака, Александар Трајковски се повлече со крената глава:

„Со крената глава и полно срце… Се повлекувам. Со почит… Александар Трајковски.“

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

To top