Македонија

Огнено крштевање на Рубин Земон на Форумот на жени на СДСМ

Има сериозно политичко искуство од партиите Алијанса за Позитивна Македонија со Владо Бучковски и Љупчо Зиков, и ПОЕН од која премина во СДСМ

Новиот член на Извршниот одбор на СДСМ Рубин Земон својот прв јавен настап на новата партиска функција ја имал на трибина на Форумот на жени на СДСМ.

,,Жената во политиката денес не е само прашање на застапеност – туку на отпор.
Во услови на авторитарна власт, жените се први на удар – како политичарки, како активистки, како гласни критичари”, објави СДСМ денеска за настанот.

Според СДСМ наместо еднакви можности, со ВМРО ОКГ жените се соочувале со притисоци, дискредитации и системско потценување.

,,Истовремено, тешката економската состојба најсилно ги погодува жените – ниски плати, несигурни работни места и растечки трошоци кои ја прават секојдневната борба уште потешка.

Затоа, борбата за еднаквост е борба за демократија. Без силен глас на жените – нема силно општество”, објави СДСМ за трибината на Форумот на жени на СДСМ.

На Рубин Земон му била голема чест што денес бил панелист на трибината “Жената во политиката некогаш и денес”.

,,Се осврнав со 30 минутна презентација на историјата и развојот на статусот и улогата на жената од неолитот до денес. Предизвикот беше голем што излагањето беше пред Форумот на жените на СДСМ, наследнички на жените што преку антифашистичката борба се изборија за рамноправност во општеството, а во независна Македонија за процентуална застапеност на жените во Собранието.
Други панелисти беа д-р Елеонора Петрова, Јованка Тренческа и Каја Шукова.
Прашањата на присутните беа конструктивни и се разви одлична дебата….”, вели Земон кој има сериозно политичко искуство од партиите Алијанса за Позитивна Македонија со Владо Бучковски и Љупчо Зиков, и ПОЕН од која премина во СДСМ.

Сите фотографии од настанот на овој линк

https://www.facebook.com/share/p/1BNLB2Qtbp/

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top