Во драматично полуфинале , Аргентина ја победи Англија со 2-1 по одличен пресврт во последните минути.
Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за светската титула со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение.
На Светското првенство 2026 останаа уште само два натпревара, финалето и мечот за третото место.
Во првото полуфинале Шпанија ја совлада Франција со 2:0 и обезбеди место во големото финале…
Аргентина во второто полуфинале направи спектакуларен пресврт и ја победи Англија со 2:1.
Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна титула и четврта вкупно против Шпанија во финалето. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули, во 21 часот по средноевропско време.
Франција и Англија играат за третото место еден ден претходно во 23 часот.