Женската кадетска репрезентација на Македонија (У17) со победа над селекцијата на Грција со резултат 13:18 го заврши квалификацискиот турнир во Скопје и обезбеди пласман на Европското првенство – W17 EHF EURO 2027, кое ќе се одржи во Црна Гора.

Со две победи и еден пораз, младите ракометарки успешно ги завршија квалификациите и обезбедија место меѓу најдобрите европски селекции.

Резултати од 3. коло – Група Б
🇱🇹 Литванија – Косово 🇽🇰 29:20
🇬🇷 Грција – Македонија 🇲🇰 13:18
