Спорт

ФФМ ќе донира 15-20 илјади нови столчиња за стадионите низ Македонија

Столчињата ќе ги добијат клубови од првата до третата лига со трибини што ги исполнуваат условите за нивна монтажа

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на својата денешна седница донесе одлука за набавка на 15-20 илјади нови столчиња за стадионите низ државата.

„Распределбата на столчињата ќе се врши согласно препораките на општинските фудбалски сојузи и Управниот одбор на ФФМ, а ќе ги опфати клубовите од Првата, Втората и Третата македонска фудбалска лигакаде што се исполнети условите за нивна монтажа. Клубовите, во соработка со локалната самоуправа, ќе бидат одговорни за обезбедување монтажа на столчињата, со цел стадионите да бидат поудобни и подобро опремени за навивачите. ФФМ со оваа иницијатива продолжува да вложува во инфраструктурата и во подобрувањето на условите за развој на фудбалот во Македонија“, се вели во одлуката на македонската „куќа на фудбалот“.

Најнови вести од: Спорт

To top