Спорт

ФФМ со важно соопштение во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан

Фудбалската федерација на Македонија објави информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан.

Фудбалската федерација на Македонија објави информација за навивачите во пресрет на натпреварот Македонија – Казахстан.

Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.

–Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме. Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила). Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка. Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина, велат од ФФМ.

Влезот е бесплатен на источната трибина за младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории во системот на натпреварување на ФФМ.

Исто така, влезот на источната трибина е бесплатен за сите ученици придружувани од својот родител од основните училишта.

Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања, порачаа од ФФМ.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

Најнови вести

To top