Спорт

Ѓорческа меѓу 200 најдобри тенисерки во светот!

Првиот женски рекет на Македонија е 198. на најновата ВТА-листа во сингл, девет места повисоко од претходната

Четвртфиналето на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања ѝ донесе нов напредок на Лина Ѓорческа на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на која по подолго време се проби меѓу 200 најдобри, искачувајќи се на 198. позиција, девет места погоре од претходната седмица.

Серијата извонредни резултати на турнирите во Романија и во Србија ја доближија најдобрата македонска тенисерка до нејзиниот највисок ранкинг во кариерата – 170. место на 12 јуни 2017 година, како и до 193. позиција лани, а во 2023 година беше и 178. тенисерка во светот.

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top