Спорт

Ѓорческа пресилна за Русинката Золотарева во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка ѝ препушти само три гема на противничката и се пласира во четвртфиналето

Лина Ѓорческа славеше уверлива победа во второто коло и се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Втората носителка од Македонија, неделава 207. на ВТА-листа во поединечна конкуренција, ја декласира Анастасија Золотарева (434.) од Русија со 6-0, 6-3 во мечот што траеше само 74 минути.

Следна пречка за најдобрата македонска тенисерка на турнирот во Србија ќе биде осмата носителка Лили Тагер (275.) од Австрија, освојувачка на јуниорскиот Ролан Гарос годинава, од која 31-годишната тетовка загуби по голема борба во три сета во финалето на турнирот во Букурешт во неделата.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top