Спорт

Ѓорческа во четвртфиналето во Букурешт по нов маратон

Четвртата носителка од Македонија славеше во три сета против Италијанката Базилети, откако го загуби првиот

По нова маратонска битка, овојпат од 130 минути, Лина Ѓорческа се пласира меѓу осумте најдобри тенисерки на турнирот во Букурешт, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари.

Како и на стартот, најдобрата македонска тенисерка мораше да игра три сета за да ја оправда фаворитската улога како четврта носителка и 239. на ВТА-листата во сингл против квалификантката Ноеми Базилети (502.) од Италија, совладувајќи ја со 3-6, 6-3, 6-4.

Во решавачкиот сет 31-годишната тетовка губеше со 3-1, па поведе со 4-3, но го загуби сопствениот сервис, па направи рибрејк, за на крајот да сервира за победа и да ја искористи дури четвртата меч-топка!

За четврто турнирско полуфинале во низа Ѓорческа утре ќе се бори со Лаура Хиетаранта (343.) од Финска.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top