Спорт

Ѓорческа во полуфиналето на тенискиот турнир во романска Слобозија

Најдобрата македонска тенисерка подобра во три сета од Хрватката Ќириќ-Багариќ

Лина Ѓорческа ја оправдата улогата на трета носителка и се пласира во полуфиналето на тенискиот турнир во романскиот град Слобозија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 40.000 американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 282. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, славеше со 1-6, 6-1, 6-0 против Луција Ќириќ Багариќ (468.) од Хрватска по 1:41 часа игра.

Последна пречка за 31-годишната тетовка до нејзиното трето финале во низа в сабота од 9 часот ќе ѝ биде домашната натпреварувачка Марија Сара Попа (678).

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top