Спорт

Ѓорческа нерешлива енигма за Гркинката Папамихаил и во Порто

Најдобрата македонска тенисерка славеше во два сета над првата носителка, зголемувајќи на 5:1 во меѓусебните дуели

Деспина Папамихаил остана редовна „муштерика“ на Лина Ѓорческа и на тенискиот турнир во Порто, кој се игра во сала, на тврда подлога и за награден фонд од 40.000 американски долари, кадешто најдобрата македонска тенисерка славеше со 7-6 (1), 6-3 и се пласира во полуфиналето.

Вкупно 104 минути ѝ беа потребни на петтата носителка од Македонија, неделава 194. на ВТА-листата во сингл, за да ја совлада првата фаворитка и 159. женски рекет во светот.

Ова е петта победа на 31-годишната тетовка во шестиот меѓусебен дуел со една година постарата Гркинка.

Последна пречка до финалето на Ѓорческа утре од 11 часот ќе ѝ биде седмата носителка Фиона Кроули (227.) од САД.

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top