Спорт

Ѓорческа подобра од третата носителка на стартот во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка славеше по три сета над Турчинката Ченгиз на турнирот со награден фонд од 40.000 долари

Првиот женски рекет на Македонија, Лина Ѓорческа, успешно го почна својот настап на тенискиот турнир во Истанбул, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 40.000 американски долари, елиминирајќи ја третата носителка Берфу Ченгиз од Турција.

Ѓорческа, неделава 370. на ВТА-листата во сингл, славеше со 3-6, 7-6 (1), 6-4 над домашната натпреварувачка рангирана на 244. место, и тоа враќајќи се од 0-3 во гемови во третиот сет и искористувајќи ја првата меч-топка по 2:03 часа игра.

Следна пречка за 32-годишната тетовка и прва Македонка што заиграла на главниот турнир на гренслемот во Вимблдон в четврток претпладне ќе ѝ биде Ралука Георгина Шербан (401.) од Кипар.

Најнови вести од: Спорт

To top