Спорт

ГРК Охрид ја освои Атина, на домаќините не им помогнаа евтините финти пред мечот

Откако на гостите од Македонија не им беше дозволено да тренираат во салата туку во балон

Екипата на ГРК Охрид ја освои Атона и оствари уште еден голем резултат по што е на прагот на своето прво полуфинале во Европа.

Попладнево во Атина, македонскиот претставник во ЕХФ Европскиот Куп, на првиот натпревар од двомечот го совлада грчкиот Олимпијакос и обезбеди предност пред реваншот што за седум дена ќе се игра во „Билјанини извори“.

Охридскиот тим беше видливо подобриот и подоброоразниран тим на теренот уште од почетокот на натпреварот. По само пет-шест минути игра охриѓани стигнаа до предност од два гола (7-5, 8-6), во еден момент поведе и со 10-7, по што следуваше период во кој и двата тима промашија по неколку напади.
Ја имаше потребната ладнокрвност македонскиот состав, притисокот се префрли врз домашните играчи кои почнаа да го губат трпението и во обидите да ја намалат негативата почнаа повеќе да ризикуваат и да грешат.

Охрид тоа умешно го искористи за да стигне до водство и од шест гола, од 10-8 направи серија од 4-0 за водство од 14-8, а на полувреме беше 15-10.
Кристијан Пилиповиќ, голманот на Охрид се јавуваше во секоја ситуација во која македонскиот тим ја зголемуваше предноста. Николаос Љапис, поранешниот ракометар на Олимпијакос играше одлично против своите бивши соиграчи, а и целиот колектив беше на висината.

Кај противникот, Савас Савас беше главниот лик, аргентинскиот бек Кањете беше поголема поддршка од другите (со)играчи, но генерално беа ниво под Охрид грчките играчи во првиот дел.

Второто полувреме, за среќа, не понуди ништо поинакво од првото. Грците успеаја да намалат еден-два гола, но Охрид имаше одговор и решение за секоја ситуација и умешно се држеше на дистанцата која изнесуваше максимални пет гола до пред самио крај.

Статистика

ОЛИМПИЈАКОС – ГРК ОХРИД 26-31 (10-15)

ГРК Охрид: Пилиповиќ (15 одб), Љапис 7, Иванковиќ 7, Борозан 2, Стрмљан 4, Ѓукиќ 3, Прибетиќ 4, Моралес 1, Ојлески 1, Јагуриноски 1, Кукуловски, Ристески, Тасески, Савревски, Блажевски

Најнови вести од: Спорт

Александар Трајковски емотивно се повлече од македонската фудбалска репрезентација

Во својата објава, искусниот фудбалер истакна дека носењето на државниот дрес за него отсекогаш било многу повеќе од обврска – претставувало чест, гордост и огромна одговорност.

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

To top