Спорт

И официјално, Македонија ќе ја тестира БиХ пред мундијалот

За шестиот меѓусебен дуел се оечкува полн стадион во Сараево среде еуфоријата по елиминацијата на Италија во баражот

Фудбалските федерации на Македонија и на Босна и Херцеговина потврдија дека репрезентациите на двете земји ќе одиграат пријателски натпревар на 29 мај во Сараево, кој за БиХ ќе биде проверка пред Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Мечот ќе се одигра на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ („Кошево“), со капацитет од 34.500 места за седење, кој се очекува да биде исполнет до последното место среде еуфоријата по баражот и елиминацијата на Италија на пенали во Зеница и избореното второ учество на мундијалите.

Тоа ќе биде шести меѓусебен дуел, сите досега пријателски, со нерешен скор: по една победа за двете селекции и три реми.

Неколку дена подоцна се очекува „црвено-жолтите“ да му спарингуваат на уште еден учесник на мундијалот, Турција, за што се чека потврда.

 

 

Најнови вести од: Спорт

Почнува главното – Комплетирани се сите двојки од нокаут-фазата на СП

Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната рунда ќе се решава со изведување пенали

To top