Спорт

Историски успех: Лина е првата Македонка во главниот турнир на Вимблдон

Лина Ѓорческа ја оствари најголемата победа во својата кариера!

31-годишната Тетовчанка денеска во третото квалификациско коло ја совлада Италијанката Лучија Бронцети и се пласира во главниот турнир на Вимблдон 2026.

Со тоа Лина стана првата македонска тенисерка која ќе настапи на најпрестижниот тревен Гренд слем турнир во историјата.

Ѓорческа, која влезе во квалификациите како една од пониско рангираните, покажа исклучителна ментална сила и форма на тревата.

По пресвртот во второто коло против Франциска Жорге, денеска против искустната Бронцети (носителка бр. 20 во квалификациите и рангирана околу 127. место) ја покажа својата класа и ја оствари големата победа.

Со овој триумф, Лина Ѓорческа надмина се што што македонскиот женски тенис го има постигнато досега.

Таа веќе имаше искуство со квалификации на Гренд слемови, но денеска го направи конечниот чекор кон големата сцена.

Патот до историскиот момент:

1. коло квалификации: Лина Ѓорческа – Анхела Фита Болуда 6-2, 6-4
2. коло квалификации: Лина Ѓорческа – Франциска Жорге 5-7, 6-2, 6-1
3. коло квалификации: Лина Ѓорческа – Лучија Бронцети 2:0

Пласманот во главниот жреб на Вимблдон значи дека македонското знаме ќе се вие на Централниот терен или на некој од другите терени во Ол Ингланд Клуб следната недела.

Ова е огромен поттик за целиот македонски спорт, особено за младите тенисери кои сега имаат јасен пример дека со работа и упорност се возможно да се стигне до врвот.

Главниот жреб на Вимблдон 2026 ќе биде објавен во петок, а Лина ќе дознае својата прва противничка наскоро.

Без разлика на исходот во првиот круг, нејзиниот успех веќе е впишан со златни букви во македонската спортска историја.

Македонката за еден меч ќе заработи колку 1/4 од целата нејзина кариера

Лина ќе освои најмалку 110 илјади евра со влезот меѓу 126 тенисерки на Вимблдон

Најнови вести од: Спорт

To top