Спорт

Ивановски се квалификува за главниот турнир на челенџерот во Палермо

Македонскиот тенисер подобар во два сета од првиот носител во квалификациите Федерико Арнаболди од Италија

Калин Ивановски ќе игра на главниот турнир од 53. Меѓународно првенство на Сицилија во тенис, кое се одржува од 5 до 11 октомври во Палермо на земјени терени и за награден фонд од 56.700 евра, кадешто утре од 13 часот за противник ќе го има петтиот носител Алехандро Моро Канас од Шпанија, 233. на АТП-листата во сингл.

До главната конкуренција македонскиот тенисер, неделава 744. во ранкингот на АТП, стигна со триумфот во финалето од квалификациите против првиот носител Федерико Арнаболди (478.) од Италија, пред една година 183. светски рекет, совладувајќи го со 6-4, 7-6 (6) по 2:08 часа игра.

Претходно, Ивановски победи уште еден домашен натпреварувач, седмиот фаворит во квалификациите Џузепе ла Вела (543.), од кој беше подобар во три сета со 6-4, 5-7, 6-4.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top