Спорт

Ивановски со нов македонски рекорд на 10 км

Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути.

Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди.

На трката учествуваа над 2000 тркачи од 16 земји.

Трката и оваа година го потврди својот меѓународен карактер и статусот на еден од најзначајните атлетски настани во земјава.

Во машката трка втор на целта пристигна Димитар Илиев со резултат 32,27 мин., додека трет беше Муџахед Мислими со време од 32,49 мин.

Второпласирана во женска конкуренција беше Србинката Теодора Симовиќ (36,44 мин.), а третото место го освои македонската атлетичарка Фросина Михајловска со време 40,30 мин.

Освојувачите на првите пет места во машка и женска конкуренција добија парични награди, а со дипломи и пехари беа наградени освојувачите на првите три места во возрасните категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 год., и 55+ год.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top