Спорт

Лина Ѓорческа со убедлива победа и ново финале !

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа запиша значајна победа против Деспина Папамихајл(Грција) на турнирот ITF W75 во Букурешт.

instagram.com/linagjorcheska/

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа запиша значајна победа против Деспина Папамихајл(Грција) на турнирот ITF W75 во Букурешт. Ѓорческа го доби натпреварот со убедливи 2-0 во сетови, резултат 6-2, 6-2.

Во првиот сет, Ѓорческа веднаш ја зазеде иницијативата, доминирајќи на свој сервис и на прием, успевајќи да направи неколку битни брејка. Папамихајл беше под притисок, но не успеа да се врати во ритам. Во вториот сет, Ѓорческа продолжи со истото темпо: силни удари, стабилен сервис и минимални грешки, што донесе ист резултат од 6-2.

Со оваа победа, Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на турнирот, каде што ке го чека подобриот од мечот помеѓу Лили Тагер(Австрија)  и Сада Нахимана(Бурунди).

Најнови вести од: Спорт

To top