Спорт

Македонија ја победи Бугарија во генералката за претквалификациите за Евробаскет 2029

Македонските кошаркари се реваншираа за поразот во Самоков, славејќи со 91:87 над источниот сосед во Скопје

Успешна генерална проба за машката кошаркарска репрезентација за завршницата од претквалификациите за Европското првенство 2029 година – совладана Бугарија со 91:87 во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во скопскиот Градски парк.

Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ги добија втората четвртина со 24:21 и последната со 25:21, а на источниот сосед му припаднаа првата со 22:21 и третата со 23:21, па „црвено-жолтите“ на крајот се реваншираа за поразот со некомплетен состав од 97:68 во Самоков.

Дивејн Стјуарт се покажа како големо засилување за македонскиот тим, постигнувајќи 26 поени и по пет скока и асистенции за нецели 31 минута на паркетот.

И без Андреј Јакимовски во второто полувреме, и без плејмејкерот Мартин Петков, кој се повреди по помалку од гтри минути на теренот, македонските кошаркари демонстрираа решеност да им вратат на Бугарите и во ведра атмосфера да ги дочекаат дуелите со Република Ирска на 2 јули од 18 часот во Скопје и со Луксембург три дена подоцна на негов терен од 16 ч.

Македонија води во групата А со максимални четири победи, пред Луксембург со 2/2, а Азербејџан и Ирска имаат скор 1/3.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top