Спорт

Македонија ја „разоружа“ БиХ во генералката за „змејовите“ пред мундијалот

Реми без голови во Сараево, четврто во досегашните шест меѓусебни дуели, в понеделник на мегдан и на Турција во Истанбул

Реми без голови на фудбалската репрезентација на Македонија против Босна и Херцеговина пред преполните трибини на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево во генералната проба за „змејовите“ за претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

Учесникот на мундијалот имаше повеќе од играта (60:40 проценти посед на топката) и удари кон гоолот (15:3), но најзрелата шанса ја пропушти Бојан Миовски во првото полувреме, кога ја искористи грешката на Никола Катиќ и го лобуваше голманот Мартин Зломислиќ, но непосредно пред гол-линијата опасноста ја отстрани Стјепан Раделјиќ.

На спротивната страна најблиску до погодок беше Самед Баждар, кој со глава го погоди десниот дирек од голот на Столе Димитриевски.

Ова е четврто реми во шестиот меѓусебен дуел, трет настап без победа и постигнат гол откога Гоце Седлоски го наследи Благоја Милевски на македонската клупа, како и седми меч во низа без победа за „црвено-жолтите“.

Веќе в понеделник во Истанбул избраниците на Седлоски ќе му спарингуваат на уштре еден учесник на СП, Турција.

Најнови вести од: Спорт

To top