Димитар Митровски го дочека својот првенец сезонава во осмото коло од Првата фудбалска лига на Словенија, придонесувајќи за победата од 3:0 на Олимпија против Бриње Гросупле во Љубљана
Напаѓачот со осум настапи за репрезентацијата на Македонија го отвори резултатот со удар со глава во 27. минута (на видеото најдолу околу третата минута по почетокот) и на теренот помина 65 минути, кога беше заменет.
Зад името на 27-годишното засилување за „змајчеки“ во најскапиот трансфер во клупската историја од 1,1 милиони евра во јуни минатата година стои и една асистенција во ремито 1:1 со Марибор во петтиот круг од првенството.
Тимот на Митровски, кој од клупата го води македонскиот тренер Југослав Тренчовски, со третата победа сезонава се искачи на петтото место на табелата со 11 бода, колку што има и четвртопласираниот Целје, а води Марибор со 15.